Дел од припадниците на „жолтите елеци“ повторно се мобилизираат поради апсењето на Ерик Друе, еден од неформалните лидери на движењето. На социјалните мрежи се испраќаат пораки кои повикуваат на нови собири во Париз, јави дописникот на МИА.

Повеќе предводници на „жолтите елеци“ испратија повик за нова мобилизација и одржување собир утре во Париз, но и во други градови, обвинувајќи за репресија од страна на властите и отфрлајќи ги „мерките”, дадени од страна на претседателот Емануел Макрон, од кого бараат да ги прими во Елисејската палата.

Во отвореното писмо до претседателот објавено на Фејсбук, групата „Гневна Франција” одговара на новогодишната порака на Емануел Mакрон, кој според нив дека не ги слушнал и тврди дека бара „да се оди понатаму”.

– Гневот ќе се претвори во омраза ако продолжите од вашиот пиедестал, вие и останатите како вас, да ги сметате малите луѓе како питачи, напиша групата која е меѓу најследените на Фејсбук.

Оваа група е раководена меѓу другото и од страна на Ерик Друе, кој е двапати уапсен и повикан пред судиите.

Член на групата „Слободни жолти елеци“, кој ги поврзува профилите на умерените, Бенжаман Коши, исто така, е загрижен за последиците од ова апсење.

– Тоа ризикува да го загрози почетокот на националната дебата што ја посакува Емануел Макрон за да ги разгледа барањата на движењето, истакна Коши.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/01/2019 13:44