Механизацијата на ЈП „ Македонија пат" е на терен и од утринава на сите патни правци во источна и југоисточна Македонија се фрлени 100 метри кубни абразивен материјал и околу 80 тони сол.

Според Коцев, на патот Штип-Велес кај селото Сармзалино има ветер, но засега не e толку силен за да прави навеви на коловозот.

– Нашите камиони се на терен и се расчистени патните правци кон Плачковица, Конче, без проблеми се одвива и сообраќајот кон зимскиот центар Пониква. Останува апелот возачите на пат да не тргнуваат без зимска опрема и внимателно да возат, односно согласно сообраќајната сигнализација, потенцира Коцев.

Тој додава дека исто така внимателно треба да се вози и по клисурите, каде што има можност од појава на одрони.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/01/2019 14:14