Во моментов врне снег непрекинато и снежната покривка во градот и во околината е околу 30 сантиметри, информираат од крушевската локална самоуправа.
Според последнитре информации, исчистени се улиците до и во населените места Пуста Река, Долно и Горно Дивјаци, во Борино, Саждево, Јакреново и во Белушино, додека во селата Алданци и Норово се врши и попесочување.
Покрај навременото одржување на улиците во јавното претпријатие „Комуна" ќе излезе на терен и во крушевско Врбоец, па се до селото Бучин.
Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, проширени се надлежностите на јавното комунално претпријатие за да им излезе во пресрет на жителите.
-Со одлука на Советот ги проширивме надлежностите на ЈП „Комуна" со што претпријатието сега може самостојно да ја извршува надлежноста за зимското одржување на улиците. Исто така, за повеќе од 60 отсто ги зголемивме средства за зимското одржување на улиците за 2019 година, вели Христоски.
Крушево е подготвено и очекува голем број туристи овој, продолжен, празничен викенд. Постојано се одржуваат скијачките терени и се подготвуваат. За викендот се очекува преку 80 отстотно пополнување на сместувачките капацитети со гости во овој скијачки центар.