Општина Битола за користење и одржување на јавното осветлување издвојува над 62 милиони денари. Со 39,6 милиони денари ќе бидат платени сметките за потрошена електрична енергија во текот на годината, над 15 милиони денари планиран е расход за поправка и одржување на уличното осветлување, а за новогодишно украсување на градот се потрошени 472.000 денари.
Од општинскиот Совет информираат дека 5 милиони денари ќе бидат инвестирани за изградба на нови капацитети во енергетиката, а со околу 750.000 денари ќе се изврши реконструкција на постоечките капацитети во енергетиката со која располага Битола.