Седумдесет и шест години од убиството на Страшо Пинџур се навршуваат денеска и за таа цел бројни делегации положија цвеќе на спомен-бистата пред неговата спомен-куќа во кавадаречкото село Ваташа.
– Роден бил на 5 март 1915 година во Струмица, каде неговиот татко работел како учител. Завршил правен факултет во Белград. По капутулацијата на Југославија станал инструктор на ПК на Македонија, а потоа и член на Покраинскиот комитет. Во јуни 1942 година бил именуван за член на Главниот штаб на Македонија. Во декември 1942 година бил уапсен од бугарската полиција и по долго мачење убиен во скопскиот обласен затвор, рече историчарот Марија Михова од Кавадаречкиот музеј. Лични творби прочитаа ученици од Основното општинско училиште што го носи името на народниот херој.