Германските хуманитарни организаци „Си Воч“ и „Си Ај“ јавно ги повикаа земјите на Европската унија да прифатат 49 мигранти кои се уште се наоѓаат на нивните бродови откако беа спасени во Средоземното Море во декември минатата година, со предупредување дека нивното здравје се влошува.

Невладините организации денеска во Берлин соопштија дека морале да воведат мерки за штедење во однос на водата за пиење и оти некои мигранти имаат проблем со исхраната поради болести, по што еден од активистите на организацијата „Си Воч“ праша „дали некој од мигрантите треба да умре за да се најде решение“.

Бродот на организацијата „Си Воч“ спаси 32 мигранти од чамец во Средоземното Море на 22. Декември во близина на брегот на Малта. Други 17 мигранти спаси организацијата “Си Ај“ на 29 декември и тие исто така чекаат дозвола за впловување во некое пристаниште.

Малта претходно соопшти дека нема да дозволи мигратите да влезат на нејзина територија додека не се постигнат договори за распределба на 49-те мигранти меѓу земјите-членки на ЕУ.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/01/2019 17:03