На Саемот во Детроит Тојота официјално го претстави својот нов спортски модел Тојота Супра, кој стилски наликува на дизајнот на неговиот претходник ФТ-1 од пред пет години, но неговата внатрешност е делумно обликувана според сестринскиот БМВ.

Супра и БМВ Зет-4 имаат и слична моторизација. Новата Тојота, на пример, има шестцилиндарски трилитарски турбо бензинец кој произведува 340 коњски сили и 495 њутн-метри при максимален број вртежи.

Моторот е поврзан со осумбрзински менувач, а максималната брзина е електронски ограничена на 250 километри на час.

Цената на новиот спортски автомобил е 49.990 долари, при што првите 1.500 возила ќе чинат 55.250 долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2019 01:12