Основачот на кинескиот технолошки гигант Хуавеј вели дека компанијата најверојатно ќе ги зголеми двојно приходите за само пет години.

Според Рен Женгфеи, тешкотиите со кои е соочена компанијата денес нема да влијаат врз нејзиниот бизнис.

Во интервју за кинески медиуми тој вели дека Хуавеј ќе инвестира и 100 милијарди долари во следните пет години за создавање најдобра мрежа во светот и за нејзина безбедност.

Рен додава дека очекува приходите да бидат 125 милијарди долари оваа година.

Според 74-годишниот основач на Хуавеј, компанијата ги предвидела уште пред 10 години тешкотиите со кои е соочена денес.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/01/2019 15:24