„Гугл“ ја отвори својата нова централа во Берлин, каде подоцна планира да развие центар за вештачка интелигенција.

Според германските медиуми, развојот на овој центар „Гугл“ го планирал во соработка со Германскиот истражувачки центар за вештачка интелигенција (ДФКИ) и со локалните компании САП и Телеком, но засега не е постигнат договр и идејата најверојатно пропаднала.

Се очекува во новата централа на „Гугл“ да бидат отворени околу 300 работни места.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/01/2019 15:29