[photo]
Македонија лани во ноември вкупно потрошила 669.987 мегават часови електрична енергија, 27,556 милиони нормални кубни метри природен гас, 565.853 тони јаглен и 83.099 тони нафтени продукти.
Според податоците на Државниот завод за статистика, 73,9 отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 95,8 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на струја.