Земјотрес со интензитет од 5,4 степени според Рихтеровата скала вчера ја погоди централна Колумбија, а потресот се почувствувал и во главниот град, на 350 километри од епицентарот, поради што некои луѓе биле евакуирани од канцеларии и станбени згради.

За сега нема податоци за евентуална поголема предизвикана штета или повредени луѓе.

Американскиот геолошки институт соопшти дека епицентарот на земјотресот бил 13 километри од градот Санта Марија, на длабочина од 19 километри под површината на земјата.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/01/2019 09:24