Компанијата Фејсбук денеска соопшти дека укинала 783 страници, профили и групи поврзани со Иран поради „координирано, неавтентично однесување“, а станува збор за лажни профили отворени со цел да се нарушат политиката и изборите.

Сопствениците на профилите трошеле околу 30.000 долари на реклами, за кои плаќале во американски долари, британски фунти, канадски долари и евра, стои во соопштението.

Фејсбук наведе дека Твитер помогнал во истрагара објавувајќи информации за сомнителна активност која оваа исто така популарна социјална мрежа, ја открила во својот сервис.

Фејсбук во изминатите месеци почесто бришеше вакви профили, вклучивајќи и страници поврзани со групи во Мјанмар, Бангладеш и Русија.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/02/2019 11:18