Се додека нема образложение на основа на што премиерот посочи дека ќе им се отпише долгот од 110 милиони евра за струја на 200 илјади семејства и граѓани, оваа мерка може да биде третирана како шпекулација, смета универзитетскиот професор Зоран Ивановски.

Според него мора да има сеопфатна анализа за да разберат граѓаните детално, кои се тие луѓе на кои ќе им се отпишат долговите, дали ќе се трошат буџетски пари за да се покријат итн.

- Во Македонија 15 години политиката наметнува некакви решенија и мерки кои се чинат примамливи за граѓаните. Па кога ќе има образложение на оваа мерка, тогаш може да се разбере и најде механизам, дотогаш останува само шпекулација, смета Ивановски. Во меѓувреме, од ЕВН и ЕЛЕМ, компаниите кои според Заев наводно покажале добра волја за да се спроведе најавената мерка, официјален став како се би се извело нема.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/02/2019 05:08