Достигнувањата на македонскиот градежен сектор во следењето на европските трендови во градежната индустрија во делот на енергетската ефикасност и одржливост ќе бидат презентирани на отворената сесија на состанокот на конзорциумот на Проектот „BIMcert“, што ќе се одржи денеска во просториите на Стопанската комора на Македонија во организација на Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергетика (ИЕГЕ) од Скопје.
На состанокот ќе се обрати заменикот претседател на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, обраќања ќе имаат и претставници од македонските државни институции и професионални здруженија од областа на градежништво и енергетска ефикасност на градбите.
Според организаторите, отворената сесија е предвидена за комуникација на проектниот тим со македонската стручна јавност и креаторите на државните политики во областа на градежништвото и енергетската ефикасност, а ќе бидат претставени и проектните резултати.
Проектот BIMcert е финансиран од престижниот европски фонд Хоризонт 2020, а го спроведува Конзорицум од шест европски инстиути, од кои еден е Институт за истражувања во животна средина, градежниот сектор и енергетиката од Скопје. Овој проект е добитник на грант од програмата Хоризонт 2020 во износ од 1,25 милиони евра, за развивање програма за обуки во градежниот сектор, BIMcert. Конзорциумот е предводен од организации од Северна Ирска – Белфаст Мет Колеџот и Одборот за обуки во градежната инсдустрија, во партнерство со Технолошкиот институт од Даблин.
BIMcert ќе развие наставни и квалификациска програма со широк опфат, наменета за професионалци од сите нивоа, структури и видови на учество во градежната индустрија.