Владата денеска на седница ја разгледала Информацијата за изградба на пруга Куманово-Бељаковце и донела заклучок со кој се најавува дека ќе го преиспита Договорот за проектната единица за имплементација на проектот.

Како што информира владината прес-служба, Владата ќе направи предлог за да се измени обликот на проектот со цел поефикасно спроведување на договорот имајќи ги предвид значителните доцнења и нефункционалноста на проектната единица.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/02/2019 17:38