Како што соопштија од НВО ЦИВИЛ, конференцијата ќе ја отвори германскиот амбасадор во Македонија, Томас Герберих, а како говорници ќе учествуваат видни интелектуалци и експерти, лидери во граѓанското општество и високи политичари.

По воведната сесија, најавуваат од ЦИВИЛ, следат сесиите „Меѓу надежите и реалноста" посветена на општествено-политичките процеси и економските прашања и „Историски завршници и отворање на новите перспективи" (Евроатлантски интеграциски процеси), додека во четвртата сесија се очекуваат коментари и прашања од сите присутни.

Настанот, се посочува во соопштението, е дел од проектот „Граѓанките и граѓаните за слободно општество", финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2019 10:52