Најмалку 2 жртви и над 30 повредени лица има во страотната сообраќајна несреќа што попладнево во 17 часот се случи на автопатот Скопје - Тетово кога автобус полн со патници излета од патот кај село Ласкарци.

На лице место се упатени протипожарни екипи, амбулатни возила да помогнат во извлекување на повредените, а болниците во Скопје се мобилизираат да ги примат повредените.

На лице место има над 20 амбулатни возила, а во извлекувањето на телата учествуваат и багери и помагаат локални жители.

Несреќата според очевидци, се случила откако автобусот преминал на другата страна од колозовот, ја пробил оградата и се превртел во провалијата.

Од АМСМ информираат сообраќајот на автопатот Скопје-Тетово и регионалниот пат Тетово-Скопје е во 17 часот.

Се работи за автобус на „Дурмо турс“ од Гостивар, а сообраќајката се случила меѓу Ласкарци и Карпалак.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2019 19:07