Вкупно 13 лица се загинати, седум на лице место, а шест подлегнале на повредите во болница во тешката сообраќајка што се случи на патот Скопје-Тетово кај Карпалак соопшти вечерва министерот за здравство Венко Филипче.

Како што изјави Филипче кој и самиот веднаш се упатил на местото на несреќата, медицински екипи реагирале веднаш и им укажале помош на повредените.

-Во ГОБ 8 Септември се примени 25 пациенти од кои 22 се хоспитализирани , 4 се на интензивна нега , двајца се подготвуваат за хируршка интервенција. Во Ургентниот центар се примени пет пациенти , тројца со полесно повредени, меѓу кои и една бремена жена која ќе биде пуштена на домашно лекување, едно лице се подготвува за хирирушка интервенција, а едно е во тешка животно загрозувачка состојба, истакна Филипче од Градската општа болница 8 Септември.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари истакна дека речиси сите патници кои се превезувале во автобусот биле од Гостивар.

Ова е жален ден за цела Македонија. Се случи трагедија, се преврте автобус што превезувал луѓе за Гостивар и претежно повредените се гостиварци, изјави вечерва градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кој дојде во Градската општа болница „8 Септември“ откако претходно, како што рече, ги посетил еден по еден сите повредени, згрижени во останатите здравствени установи.

Очевидците и селаните пак тврдат дека во првите моменти од несреќата глетката била траорна.

- Сечевме делови автобусот за да спасиме луѓе. Слушавме плач беше многу страшна слика. 25 луѓе пренесовме со приватни автомобили до болница. Се плашевме да не експлодира автобусот зошто мирисаше на нафта, вели во изјава за Телма претседателот на месната заедница на селото Лекарци.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2019 21:22