Американка ги позајмила очилата за виртуелна реалност на нејзиниот син, а видеото од нејзината реакција, како прво такво искуство, стана хит на интернет.

– За Божиќ добив „Окјулус Гоу Вирчуал Ријалити“ сет и ѝ го понудив на мајка ми да го проба. Никогаш не искусила виртуелна реалност и беше шокирана колку е реално, прокоментира синот кој сѐто тоа и го снимил.

Жената на видеото мавта со рацете и нозете, вреска, па дури и се расплакува.

– Бевме шокирани од тоа колку таа се соживеа со виртуелната реалност, додава момчето.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/02/2019 14:14