Триесет и осум годишен жител на Кичево синоќа пријавил во полициската станица дека бил физички нападнат од страна на Г.К. 47-годишен од Кичево вработен како шумочувар во Шумското стопанство „Лопушник“.

Портпаролот на СВР – Охрид информира дека на физичкиот напад претходела вербална расправија. По целосно документирање на настанот, полициската станица од Кичево, ќе поднесе соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/02/2019 15:44