Авионот на „Вирџин Атлантик“ од Лос Анџелес до Лондон во понеделникот во еден миг достигна брзина од 1.289 километри на час, соопшти синоќа компанијата.

Тоа се случило на висина од 10.668 километри, над Пенсилванија и со помош на силните ветрови. Брзината на звукот, инаку, изнесува 1.234 километри на час.

– Никогаш не сум видел нешто слично во целата моја кариера, напиша капетанот на авионот. Благодарение, овојпат на – природата, авионот пристигна во Лондон 48 минути порано, Питер Џејмс, на Твитер.

Вообичаената брзина на авионот Боинг 787-9 е околу 900 километри на час.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/02/2019 16:52