Утрово во 09.50 часот било пријавено дека има починато женско лице во нива која се наоѓа во непосредна близина на последната автобуска постојка во Визбегово, информираат од МВР.

На местото излегле полициски службеници и било констатирано дека се работи за лицето М.Ѓ.(29) од Скопје, а смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, велат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било пратено на обдукција.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/02/2019 17:32