Јавното претпријатие за Македонски железници Инфраструктура – Скопје се стекна со меѓународно признат сертификат за одличност во спроведувањето на јавните набавки (CIPS Corporate Certification Primary Award) доделен од Институтот за набавки и снабдување (Chartered Institute of Procurement & Supply -CIPS) од Велика Британија.

-Како резултат на своите заложби во внесување на меѓународни стандарди и процедури во своето секојдневно работење, а посебно во областа на јавните набавки, што ќе резултира со ефикасен, ефективен и економски начин на работење, намалени трошоци, навремено утврдување и управување со ризици и ублажување на нивното влијание, зголемена контрола и мониторинг на спроведувањето на договорите во областа на јавните набавки, одржување на постојана квалитетна комуникација со засегнатите страни и изведувачи, ЈП Македонски железници Инфраструктура – Скопје се стекна со сертификатот за одличност во спроведувањето на јавните набавки (CIPS Corporate Certification Primary Award), велат од ова јавно претпријатие.

ЈП Македонски железници Инфраструктура – Скопје е прва јавна институција на територијата на Република Северна Македонија што се стекнува со ваков сертификат.

Овој сертификат потврдува дека институцијата континуирано работи на подобрување на ефикасноста во креирањето, спроведувањето, управувањето и мониторингот на јавните набавки во нејзините рамки. Имплементираните процеси и процедури поврзани со јавните набавки опфаќаат голем опсег од работењето на ЈП Македонски железници Инфраструктура – Скопје, вклучувајќи ги постоење на јасна стратегија и политика за јавни набавки со имплементација на локалното и меѓународното законодавство, постоење на јасно дефинирани поспапки и процедури при подготовка, имплементација, мониторинг и ревизија на јавни набавки, почитување на кодекс на етика, соодветна организациска структура, јасна поделба на работните обврски и задачи во претпријатието …

-Добивањето на овој сертификат значи валоризирање на бројните интерни процедури, обуки и работа што вродија со плод. Фактот што ЈП Македонски железници Инфраструктура – Скопје се сертифицираше го потврдува континуираниот фокус на нашата институција за подобрување на квалитетот на работењето на јавната администрација во областа на јавните набавки, се наведува во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/03/2019 19:30