На рибар во Пиранскиот залив во Истра вчера во мрежа му се заплеткало морско куче, долго дури осум метри.
Рибарот, во чија мрежа се заплеткало морското куче, вели дека најверојатно се работи за вид кој се храни со планктони.
Рибарите го извлекле на брегот, а потоа го пуштиле во морето и додаваат оти се надеваат дека ќе преживее, бидејќи покажало знаци на живот.
Морското куче било тешко околу два тона.