До Песната за Евровизија остануваат 56 дена, па обложувањата за годинешната победничка песна, почнаа. Според обложувалниците, со 21 отсто шанси за победа, на прво место се наоѓа Холанѓанецот Данкан Лоренс со песната „Arcade“.

Песната на Јутјуб има над три милиони прегледи.

„Ова е премногу добро за Евросонг”, „Имаме победник, ќе ги урне сите рекорди на Евросонг”, „Ме лазат морници, 12 поени од мене”, „Оваа песна е ремек-дело, ќе има повеќе поени од Португалија 2017 година” – се само дел од коментарите на Јутјуб.

Според листата на „Јуровижн ворлд“, македонската претставничка Тамара е на 21. место со еден отсто шанси за победа.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2019 17:10