Честопати се случува, оној пријател кој е невообичаено дрзок и зајадлив, да го чувствуваме поблизок од другите, и нешто нѐ тера да се чувствуваме удобно со него/неа. Според научни сознанија, пријателите што се брутално искрени, саркастични, па и цинични во некој миг, се всушност оние кои најмногу се грижат за нас.

Ако некогаш некој ваш близок пријател направил да ви биде непријатно и сте чувствувале дека тој начин е погрешен и бесчувствителен, тогаш можеби тој тоа го направил намерно. Според истражувањето објавено од американското Здружение за психолошки науки, некои луѓе веруваат дека тој брутален однос ќе биде полезен за нивните пријатели на долг рок. И, тоа не значи ништо друго, туку дека се грижат за вас.

Белен Лопез-Пере, водечкиот истражувач во овој научен труд, објаснува како луѓето можат да станат сурови за тоа да биде од општа, поголема корист. Во социјален експеримент, стручнте лица побарале од 140 возрасни лица „играч Б“ да изиграат компјутерска игра со анонимен партнер („играч А”), но без да знаат дека всушност „играчот А” не постои.

Пред почетокот на играта, „играчот Б“, добил порака од „играчот А“ дека тој штотуку раскинал и е скршен од тага. Потоа, учесниците биле добиле задача да му одговорат на „играчот А“ за тоа како се чувствуваат пред да почне играта зависно од тоа дали сочувствуваат со тоа или се емотивно неутрални. Потоа испитаниците биле поделени во две групи – едни играле воена видеоигра каде што треба да се убијат што повеќе непријатели, а другата – игра каде што „играчот А“ и „играчот Б“ треба да избегаат од соба со „живи мртовци“.

По завршувањето на играта, следел избор на музика со различно ниво на емоционалност, при што испитаниците биле прашани – која песна и кои стихови би сакале нивниот виртуелен партнер да ги слуша.

Луѓето кои сочувствувале со „играчот А“ избрале стихови со посилни негативни емоции како начин да ги потиснат чувствата на тага поради нивното скоро раскинување. Освен тоа, посилните негативни емоции во самата игра укажуваат на повисок успех на крајот, што значи дека „играчот Б“ почувствувал чувство на исполнетост и задоволство кога тие „двајцата“ победиле.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2019 16:09