Тинејџер од американската сојузна држава Мисури е фатен како ставал ЛСД во пијалакот на колегите од работа, а во своја одбрана, тој изјави дека тоа го правел оти неговите колеги биле премногу нерасположени и здодевни.

Момчето (19) ја призна вина за ставање халуциногена дрога, па сега му се заканува казна за тоа, како и за поседување недозволени супстанции.

Тинејџерот на дело го фатиле менаџерката на фирмата за изнајмување автомобили, која го видела како стои близу нејзината чаша со вода, па одлучила да не пие од неа. Кусо потоа, таа и повикала полиција откако забележала дека неколку колеги не се добро и дека еден од нив почнал да се тресе.

Кога полицајците го прашале момчето – зошто го сторил тоа, тој рекол дека му биле многу негативни и дека тој само сакал да им го поправи расположението.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/03/2019 11:58