Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ги прокоментира гласините кои се појавија во медиумскиот простор, а кои го поврзуваат со преземање на германскиот шампион Баерн (Минхен).
Во моментов тренер на баварците е Нико Ковач, но по елиминацијата од Ливерпул во Лигата на Шампионите, за неговата иднина повторно почна да се шпекулира.
– Никогаш не сум работел во Германија. Но зошто да не? Ќе видиме … Посакувам да се обидам да ја освојам ЛШ со трет различен клуб, како и да дојдам до титула во петто различно првенство, соопшти Жозе пред португалското издание „Рекорд“.