Милан одигра нерешено со Удинезе (1:1) синоќа на домашен терен во натпреварот од 30. коло од шампионатот во Италија, по што навивачите на „росо-нерите“ беа разочарани и упатија свирежи до своите миленици.

Се чинеше дека Милан ќе стигне до полн погодок на овој дуел, откако пред крајот на првото полувреме, Кшиштоф Пјатек му донесе водство на својот тим. Сепак гостите од Удине не се предаваа и преку Кевин Лазања во 65.минута го изедначија резултатот.

Домашниот тим во првото полувреме поради повреди остана без Џанлуиџи Донарунума и Лукас Пакет.

Милан по 30. кола има 52 бода и е четврти во пресрет на денешните натпревари во Серија А.

Удинезе има 29 поени и 15 место.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/04/2019 10:17