Жозе Мурињо е на мислење дека Порто има сила да отстрани Ливерпул во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Специјалниот, кој во 2004 година ги изведе Португалците до титулата на турнирот, не верува дека Ливерпул е апсолутен фаворит во дуелот, бидејќи се очекува „црвените“ да насочат повеќе сили во освојувањето на Премиер лигата.
Според поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Челзи, Интер и Реал Мадрид, неговиот сонародник Серџо Консеисао си зел поуки и ќе понуди нешто различно во однос на минатата сезона, кога Порто повторно се сретна Ливерпул, но отпадна со вкупен резултат 0:5.
– Порто има реална шанса да победи и да се пласира во следната рунда. Во споредба со минатата година, сега Серџо Консеисао има многу повеќе искуство и ќе може да одговори на прашањата што се случи тогаш и да најде начин да ги избегне грешките, откако ќе понуди нешто различно. Мислам дека оваа двојка е најнеизвесна и она што се случи пред една година, може само да помогне на Порто. Ливерпул има фантастичен состав како индивидуална класа, но тоа што се борат на два фронта, може да ги спречи, бидејќи значи дека ќе играат со своите најдобри играчи и во двата натпревари, пред оние со Порто, рече Мурињо.