Фудбалерите на Реал Мадрид го претрпеа првиот пораз во шпанската Примера по враќањето на тренерската позиција на Зинедин Зидан. Синоќа на „Местаља“ Валенсија беше подобра од Реал со 2:1.

Головите за домашниот тим ги постигнаа Гонзало Гуедеш во 35. И Есекиел Гарај во 83. минута. Единствениот гол за „кралскиот клуб“ беше дело на Карим Бензема во третата минута од судиското надополнување.

Резултати на другите три вчерашни натпревари од 30.коло:

Атлетик Билбао – Леванте 3:2 Еибар – Рајо Ваљекано 2:1 Хуеска – Селта Виго 3:3.

Води Барселона со 70 бода, Атлетико Мадрид има 62, Реал 57, Хетафе 47, Валенсија 46,…



Автор: Администратор
Објавено на: 04/04/2019 09:28