Аукциска куќа во Париз објави дека на 19 јуни ќе го стави на продажба пиштолот со кој, наводно, се убил познатиот холандски сликар Винсент ван Гог.

Се работи за револвер со калибар од девет милиметри, пронајден во 60-те години од минатиот век во поле близу селото Овер сур Уаз, каде што се претпоставува дека славниот уметник извршил самоубиство.

Се верува дека Ван Гог во 1890 година си пукал в гради, но некои истражувачи се сомневаат дека, всушност, сликарот бил убиен.

Револверот досега беше изложен во Музејот на Винсент ван Гог во Амстердам.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/04/2019 16:26