Напаѓачот на Ди Си јунајтед, Вејн Руни го заработи првото исклучување во американската МЛС-лига. Англичанецот на натпреварот со Лос Анџелес (0:4) одигран вчеравечер предвреме (52. минута) замина во соблекувалните поради црвен картон, откако грубо го фаулираше противничкиот играч Диего Роси.

Судијата прво му покажа жолт картон на Руни, но по прегледување на снимката со помош на ВАР технологијата, одлуката беше променета во црвен картон.

Ова е седмо исклучување за Руни во неговата кариера, а првото – од септември 2014 година. Во „DC United“ тој се пресели летото 2018 година.

Оваа сезона, Руни одигра пет натпревари и постигна четири гола.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2019 17:06