Tренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, изјави дека нема да го следи натпреварот од 31. коло на италијанскиот фудбалски шампионат Наполи – Џенова.
Наполитанците заостануваат 21 поен зад Јувентус на табелата и во случај на нивни пораз торинскиот клуб ќе ја обезбеди шампионска титула на седум рунди пред крајот.
– Јас нема да го гледам натпреварот. Со син ми ќе гледаме „Флеш“. Во неделите тој има монопол на телевизијата, изјави Алегри.
„Флеш“ е популарна американска телевизиска серија за супербрзиот суперхерој од „DC“ стриповите.