Ајакс ќе игра во познатиот напаѓачки стил во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на Шампионите дома против Јувентус, изјави тренерот на холандскиот гигант – Ерик тен Хаг.
– Треба да го демонстрираме нашиот фудбал против Јувентус. Најважно од натпреварот е резултатот. Сега размислуваме само за овој дуел. Јувентус е искусен тим кој може да користи различни тактички шеми. Овој дуел е награда за нас по натпреварите со Баерн Минхен и Реал Мадрид. Нашите фудбалери треба да прочитаат играта на Јувентус. Имаме добар среден ред и владееме одлично со топката. Ако тоа нее случај во даден момент, треба брзо да ја вратиме. Добро сме подготвени тактички и играчите добро ги менуваат местата. Ќе се обидуваме да го играме нашиот добро познат фудбал“, изјави Тен Хаг денеска пред медиумите.
Ајакс стигна до четвртфиналето во Лигата на шампионите за првпат од 2003 година кога отпадна од Милан.