Поранешниот тренер на Милан, Винченцо Монтела, може да се врати на чело на Фиорентина, објави „Спорт Италија“.
Поранешниот ментор Стефано Пиоли поднесе оставка денес, а неговиот главен мотив е што клубот веќе не верува во него.
Во моментов тренингот на првиот тим го води Емилијано Биџика, кој го предводи младинскиот тим на „виолетовите“.
Друг кандидат за функцијата во „Ла Виола“ е поранешниот тренер на Рома Еузебио ди Франческо.
Монтела веќе беше на чело на екипата од Фиренца од 2012 до 2015 година. Во моментов, тимот е рангиран на 10-то место, со 39 поени по 31 круг во Серија „А“.