Домашните екипи забележаа победи на првите натпревари од четвртфиналните пресметки во фудбалската Лига на шампиони.
На „Енфилд“ Ливерпул го победи Порто со 2:0. Стрелци на головите беа Кеита во 5. И Роберто Фирмино во 26.минута.
Во англиската пресметка, Тотенхем го победи Манчестер сити со 1:0. Победничкиот гол за домаќините беше дело на Сон Хин Мин во 78.минута.
Пенал во првото полувреме и шанса за водство на Сити пропушти Серхио Агуеро.
Вечер од 21 часот играат:
Ајакс – Јувентус Манчестер јунајтед – Барселона.