Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, не беше многу загрижен по синоќешниот пораз од Тотенхем на гостувањето во Лондон (1:0) во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

„Граѓаните“ загубија со гол примен во завршните 15 минути, а пропуштија пенал преку Агуеро за водство во првото полувреме.

– Ние создадовме шанси. Не беше само пеналот. Ја контролиравме играта и не дозволивме противникот многу да нападне. Резултатот не е најдобар, но за да одиме понатаму, треба да бидеме ефикасни. Постојат клучни моменти во фудбалот. Игравме добро, но ова е Лига на шампиони, ова е тест за нас. Пропуштениот пенал на Агуеро? Следниот пат тој ќе го погоди. Сега треба да се подготвиме за следниот меч со Кристал Палас. Немаме време да размислуваме за Тотенхем, истакна Гвардиола.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2019 10:50