Еден од водечките лица на руската вселенска агенција Роскосмос, Сергеј Крикалев говорејќи за населувањето на луѓето на други планети, изјави дека моментно е тешко да се прават прогнози за освојување на Вселената.

– Теоретски, тоа е можно. Но, тешко е, сепак, да се каже колку е реално, зашто тоа зависи од односите меѓу државите, нивната, но и светската економија, како и нејзините приоритети, објасни Крикалев.

Според него, треба да бидат испраќани екипи на други планети и на Месечината. Така ќе се добие многу пореална слика и теоретизирањата ќе се сведат на минимум.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2019 17:10