Апликацијата Вибер воведе нова услуга – „Вибер локален број“, што ќе биде посебно корисна за оние кои често патуваат.

Опцијата овозможува корисникот да избере локален телефонски број во земјата на престој и преку него да прима неограничен број телефонски повици и пораки по локални цени.

Услугата засега е достапна само во САД, Канада и Велика Британија, односно на луѓето што ќе престојуваат во овие земји.

Компаниите кои работат на меѓународниот пазар, со таа услуга ќе можат да комуницираат со клиентите без трошоци за роаминг.

За првите 10.000 нови претплатници Вибер нуди промотивна цена од 1,99 евра месечно, додека стандардната претплата ќе изнесува 4,99 евра месечно.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2019 21:23