За ниеден љубител на мобилната фотографија не е тајна дека P серијата од Huawei веќе неколку години поставува стандарди во оваа област. Со појавата на серијата P9 и двојната Leica камера, добивме паметен телефон способен за револуционерна фотографија.
Минатата година мобилната фотографија направи огромен чекор со појавата на Huawei P20 серијата. Ноќната фотографија, непремостлив тест дури и за некои професионални фото апарати, веќе не беше проблем дури и за фотографите аматери. Во духот на оваа технолошка револуција дојде новата P30 серија, со својот предводник P30 Pro и неговата иновативна quad-core Leica камера.
Креирање на quad камера
Камерите од типот SLR (single lens reflect) му овозможуваат на фотографот да го рефлектира во слика на сосема ист начин сето она што е видено низ објективот. Резултатот се висококвалитетни, ултра реални слики кои изгледаат како професионални фотографии. P сериите на Huawei се стремат да обезбедат SLR квалитет преку камера која секогаш можете да ја носите со себе, а P30 Pro веднаш го привлече вниманието во невидените можности да снима во речиси целосен мрак и со неверојатно 5-кратен оптички и 50- x дигитален зум, со кои дури снимањето на Месечината дава импресивни резултати.
Но, што ново нуди моделот за обожавателите на портрет фотографија? Обично, паметните телефони користат специјални алгоритми кои го рекреираат магнетниот bokeh ефект при заматување на позадината.
Сепак, генерираниот ефект на софтверот значително се разликува од природно добиената SLR техника и специјалната леќа. Затоа, инженерите на Huawei одлучија да ги преминат границите на софтверот и да се фокусираат на ефектите на оптичката симулација. Како резултат на нивните напори, TOF стана четврта камера на P30 Pro.
Нов додаток: TOF (Time of Flight)
TOF камерата е изградена врз принципот на хидролокатор, со чија помош се пресметува растојанието до фотографираните објекти со непогрешлива точност. TOF доаѓа од Time of Flight и во суштина претставува посебна леќа, која се користи за пресметување на далечина. Ова се случува на тој начин што се праќаат светлосни зраци до одредени објекти и на база на фиксната брзина на светлината и различното време за постигнување, точната положба на објектите во просторот се препознава со дозволена грешка од 1% - далеку помал од оној на двојната камера (10 %) и единечната камера (20%).
Во суштина, технологијата Time-of-Flight (TOF) не е новина, таков принцип се користи со години од страна на други производители на паметни телефони, но само за игри и апликации со додадена реалност (AR). Huawei го отвара целосниот потенцијал на TOF технологијата за цели на фотографирање. Оваа иновација е резултат на долгогодишните напори на инженерите на P серијата да го направат фотографирањето на портрети што е можно пореално, користејќи ја природната светлина на околината
Пример и грешка
Идејата на Huawei за создавање на TOF камера му претходи на P30 Pro, па дури и на P20. Пред две години, технолошкиот гигант влезе во сосема непозната територија, создавајќи посветен истражувачки тим за дизајнирање на ТОФ камера. Најтешкиот елемент во прилагодувањето на оваа камера на целокупната структура е интеграцијата на нејзините ефекти со оние на другите камери. Инженерите на P серијата се соочија со сосема нов тест и одговорност да бидат на ниво на стандардите на Huawei во областа на мобилната фотографија. Најголем предизвик беше оптимизирање на клучните параметри како боја, контраст, осветленост и резолуција. Високите критериуми кои ги дава Huawei во дизајнирањето на камерата TOF го направија креативниот процес интензивен, но исто така многу интересен и амбициозен. По буквално стотици илјади обиди и концептуални варијанти, ја постигнавме целосната верзија во која може да ја уживаме денес.
Како клучен партнер на P серијата, Leica зема активно учество во процесот на креирање иновативни камери, споделувајќи непроценливи искуства и идеи. Huawei верува дека портретниот ефект на P30 Pro ја зајакнува уметничката филозофија на P серијатa со невидениот квалитет на Leica камерите.