На 84 избирачки места во Општина Велес од запишаните 45.996 избирачи до 15 часот гласале 16.250 или 35,37 проценти.

Како што информира за МИА претседателот на ОИК, Лили Велковска, гласањето се одвива во фер и демократска атмосфера без никакви инциденти, а на избирачките места има и набљудувачи од „МОСТ“. ОИК редовно врши обиколна на избирачкте места во градот и општината.

Велковска ги потсетува гласачите дека своето граѓанско право можат се да го остварат до 19 часот кога ќе бидат затворени избирачките места и ќе почне пребројувањето на гласовите.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2019 16:34