До 17 часот на подрачјето на Општина Битола гласале 45,50 насто од вкупниот број на гласачи запишани во Единствениот избирачки список.

Во Општина Демир Хисар до 17 часот гласале 60,38 насто од вкупниот број гласачи со право на глас во таа општина.

Од ОИК-Новаци информираа дека на подрачјето на општината до 17 часот гласале 56,57 насто од запишаните избирачи, додека во Општина Могила на гласање излегле 46,63 насто од вкупниот број гласачи евидентирани на Единствениот избирачки список.

Општинските изборни комисии од пелагониските општини информираа дека избориот ден се одвива во мирна и демократска атмосфера.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2019 17:51