Во Општина Струга до 17 часот излезноста е 24,27 отсто, во Ресен 39, а во Вевчани скоро 58 проценти, информираат општинските изборни комисии.

Првиот човек на ОИК Струга Бледар Зиба посочи дека од регистрирани 60.459 гласачи, 14.673 го оствариле своето гласачко право.

Во Општина Ресен, според заменик претседателот на ОИК Ивана Гегарковска, до 17 часот гласале 6.612 гласачи или 39,7 отсто од регистрираните 16.649 гласачи.

Излезноста во Општина Вевчани е 57,7 проценти, односно, како што истакна претседателката на ОИК Параскева Кукоска, од 2.048 гласачи, 1.183 го оствариле своето гласачко право.

Во трите општини, според избирачките комисии, гласањето тече мирно, во фер и демократска атмосфера, без никакви нарушувања.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2019 17:54