Без забелешки, регистрирани неправилности и приговори минува изборниот ден од вториот круг на претседателските избори во општините Гевгелија,Валандово,Богданци и Дојран во кои е надмината потребната излезност.

До 17 часот најмногу,поточно, 11.131 граѓанини гласале на 37 избирачки места во Општина Гевгелија што во проценти изнесува 57,93 отсто.

Во Општина Валандово правото на глас до 17 часот го искористиле 5.141 граѓанин или 51,7 отсто, во Општина Богданци од вкупно запишаните 6.765 до 17 часот гласале 3.320 или 49,08 отсто и во Општина Дојран воето право на глас го искористиле 1.497 граѓани или 55,05 отсто.

Гласањето во четирите општини од југоистокот продолжува достоинствено и мирно до затворањето на гласачките места во 19 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2019 18:04