Во пелагониските општини, Долнени, Крушево и Кривогаштани излезноста до 17 часот е поголема во споредба со првиот круг на претседателските избори.

Според општинските комисии, гласањето се одвива непречено.

До 17 часот во Крушево на гласање излегле 59,70 отсто од запишаните 7.920 избирачи, во Долнени од 11.506 избирачи 34 проценти, а во општина Кривогаштани од запишаните 4.678 до 17 часот гласале 53 насто.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2019 18:06