Во Штип излезноста до 17 часот е 49,48 отсто. Претседателката на ОИК –Штип, Сенка Андреева вели дека до 17 часот на 77 избирчаки места своето право на глас го искористиле вкупно 20. 645 избирачи.

-На своите избирачки места гласале 10.333 ѓени и 10.312 мажи. Во споредба со првиот изборен груг во истиот час денеска имаме зголемена излезноста на гласачите од 7, 8 отсто, вели Андреева.

Таа оценува дека како Општинската изборна комисија имале мирен изборен ден, а проблемите биле од технички карактер, како што се ламбите или немање на батерии. Следниот пресек на излезноста го најави за 18,30 часот. Инаку во Штип засега не се бележат нерегуларности или пријави од страна на граѓаните до полицијата и изборната комисија.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2019 18:10