До 18:30 часот најгoлема излезност на гласачите во Струмичко-Радовишкиот регион е забележана во Општина Конче со 59,4 отсто од запишани 2.744 избирачи.

Во Ново Село за вториот круг претседателски и предвремени избори за градоначалник од вкупно запишани 11.301, односно 11.365 гласачи, излегле 50 проценти.

Во Струмица до 18:30 часот гласале 53 отсто од запишаните вкупно 49.435 избирачи, а во Радовиш гласале 44,50 од 24.201 запишани гласачи во избирачкит список.

Во Општина Босилово излегле 49,56 отсто од запишаните 12.163 гласачи, а во Василево 54,60 проценти од 10.036 запишани избирачи.

Според информациите од општинските изборни комисии изборниот ден поминува мирно и без проблеми.

Инаку, во шесте општини од регионот има запишано 110.168 граѓани со право на глас, кои гласаат на вкупно 192 избирачки места.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2019 19:01