Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите до 17:00 часот е 38,8 отсто, додека до 18 часот е 42,7 проценти, соопшти „МОСТ“.

Оттаму информираат дека вториот круг од претседателските избори 2019 година МОСТ го набљудува со статични набљудувачи на 33 отсто од вкупниот број на избирачки места.

Во периодот од 17 до 19 часот, според потврдените информации на гласачкото место 2659 во општина Кисела Вода, гласач го фотографирал гласачкото ливче, при што реагирал ИО и била повикана полиција. Гласачкото ливче било поништено, а гласањето било прекинато во период од 15 минути.

На гласачкото место 0506/1 во село Чегране, општина Гостивар, 13 гласачи не биле проверени со УВ ламба, осум гласачи не биле обележани со спреј, а биле забележани и четири случаи на семејно гласање.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2019 19:40