Според податоците на Државната изборна комисија до 18:30 часот, излезеноста во Куманово е 42,33 проценти, во Липково 23,93 проценти, а во Старо Нагоричане 48,30 проценти.

Правото на глас во Куманово според обработените податоци, го оствариле 37.413 лица, од вкупно 92.839 гласачи колку што брои избирачкиот список.

Како што информираше потпретседателот на ОИК Куманово, Ајрула Керими гласањето се одвива тековно, без никакви забелешки.

Во општина Старо Нагоричане до 18:30 часот своето право на глас го искористиле вкупно 1.608 гласачи, од вкупно 3.333 колку што се запишани на избирачкиот список, што е излезеност од 48,30 проценти.

Првото на глас во Липково до 18:30 часот го оствариле 6.008 гласачи, од вкупно 25.401, па излезеноста во оваа општина изнесува 23,93 проценти.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2019 19:41